Што ќе понуди првото издание на CareerLaunch?

Summer Work and Travel Alumni Macedonia, во соработка со Младински Инфо Клуб Скопје, наредниот четврток 13-ти октомври ќе го организираат првиот CareerLaunch – саем за вработување во Public Room. Со времетраење од 14 до 19 часот, овој настан ќе донесе на едно место повеќе компании и претприемачи, кои ќе се поврзат со младите во нашата земја. По тој повод поразговаравме со организаторите, кои ја објаснија позадината зад овој концепт.

 

„Овој настан е прв од ваков тип во земјата, каде младите ќе имаат можност да ја започнат својата кариера во стартап компаниите во Македонија. Веруваме дека започнувањето на кариера во една стартап компанија е многу покорисно поради работната атмосфера, тимската работа и зголемувањето на знаењата е многу поинтензивно во споредба со големите корпорации. Исто така во стартап компаниите вработените имаат шанса да го надоградуваат знаењето не само во своето поле на експертиза туку и во други полиња, бидејќи се работи за мали бизниси кадешто вработените работат во повеќе области. Поради тоа во стартапите се бараат индивидуалци кои се желни за учење и надоградба, како и тие кои сакаат предизвици.“

 

careerlaunch

 

Со 15 компании учесници, 7 гости и 2 работилници, CareerLaunch уште со првото издание ветува дека може да прерасне во традиционален настан со големо значење за младите ентузијасти кои сакаат да ја развијат својата кариера. Формалното образование веќе одамна не е доволно за еден индувидуалец да успее се продаде на пазарот на труд.

 

„Младите мора постојано да вложуваат во едукација и знаење, и да бидат вклучени во side проекти. Покрај формалното образование мора да се учат и други вештини. Со активно вклучување во проекти од студентски денови, младите би ја нашле работата која ја посакуваат преку вмрежување, соработка, запознавање нови лица, кои подоцна можат да бидат нивни препораки или работодавци.“

 

14585633_10154687246955921_1529204521_o

 

Но, колку вмрежувањето е важно за еден индивидуалец и неговиот напредок во кариерата?

 

„Тргнувајки од фактот дека 70% од работните позиции во светот се пополнуваат преку препораки и контакти веруваме дека ефектот од вмрежувањето е преголем. Посебно на вакви настани бидејќи една цела заедница, во случајов стартап ќе биде присутна и младите ќе можат одблиску да се запознаат и да остварат долгорочни контакти или идно вработување.“

 

И МКхост ќе биде дел од овој настан, како на саемот, така и со сопствена работилница со почеток од 17:15. Нашата тема е посветена на значењето на Интернетот и веб сајтовите како алатка за развој на е-бизнис, и можноста за искористување на информациската ера за генерирање на приходи.

 

mkhost

Околу идните планови за тоа како ќе се развива CareerLaunch, завршни зборови од организаторите:

 

„Сакаме да бидеме настан којшто младите и професионалците можат да ги пронајдат најдобрите работни места, како и најиновативните компании во кои би сакале да се вработат. Овој настан сакаме да биде препознатлив така што целата заедница на стартапи, професионалци и креатори ќе бидат собрани на едно место. Планираме овој настан да се одржува барем два пати во годината каде би присувствувале поголем број на компании и исто така би траел повеќе денови.“

 

 

Учеството на CareerLaunch е бесплатно, но пријавувањето е задолжително. Сите заинтересирани за настанот може да се пријават на следниот линк. Целосната програма со сите компании учеснички и говорници е достапна тука.