МКхост стана официјален регистрар за .мк доменот

Средба со министерот Иво ИвановскиСо задоволство ве известуваме дека од денес, МКхост е официјален регистрар за .мк домени. Од сега сите функции што ги вршеше Марнет, ќе ги врши МКхост, како регистрација на нови .мк домени со наставките .mk .com.mk .net.mk .org.mk .net.mk .edu.mk и inf.mk . Договорот официјално беше потпишан од страна на претставник на МКхост и директорот на Марнет м-р Сашо Димитријоски. Денеска имавме и средба со министерот за Информатика Иво Ивановски каде јавно беа презентирани новостите од либерализацијата на .мк доменот.

Што значи МКхост – официјален регистрар за .мк доменот?

До сега, организацијата – Марнет беше одговорна за регистрација на .мк домените, но од сега ќе биде само контролно тело. Работата што ја вршеше Марнет ќе ја врши МКхост и други компании – регистрари кои добиле лиценца за истото. Па така, за нова регистрација на домен ќе треба да се обратите кај нас. Марнет ќе продолжи уште еден месец со примање на барања за регистрација на .мк домени, се со цел, ние како регистрари да се „навикнеме“ на работата што тие ја вршеа до сега, како и комплетно да се информираат корисниците за оваа нова либерализација.

Кои придобивки ќе ги имате вие како регистранти на .мк домени?

  •     Ќе имаат поддршка во секое време 24/7/365 преку телефон, емаил, социјални медиуми
  •     Ќе може да регистрираат домен секогаш, не мора само во одредено работно време
  •     Сите домени ќе бидат регистрирани директно под сопственост и информации на самиот корисник (физичко или правно лице). Преку Whois сервисот, ќе се знае точно кој домен е под чија сопственост и ќе бидат прикажани податоците од сопственикот, како име на фирма/лице и слично.
  •     Секој корисник ќе има online пристап до новиот сервис на МКхост кој ќе му овозможи во секое време да се најави, да ги прегледа и менаџира сите регистрирани .мк домени кои ги има закупено преку нас
  •     Ќе може лесно да врши обнова на домените за период од 1-10 години (едноставно со плаќање со кредитна картичка online или врз основ на пратена профактура)
  •     Брзо (во секое време) ќе може да ги менува ДНС серверите (именските опслужувачи) за конкретен домен – online преку автоматизираниот систем на МКхост
  •     Корисникот ќе има опција автоматски да ги менува информациите за контактите на доменот (административен, технички контакт)
  •     Ќе имаат поволности, попусти и интересни понуди за останати сервиси кои МКхост ги нуди (веб хостинг, веб дизајн)

МКхост нон стоп го надоградува својот нов систем кој е поврзан со .мк зоната, преку кој ќе се вршат сите функционалности со регистрацијата на .мк домените. Овие поволности за корисниците ќе бидат зголемувани. Ќе се стремиме кон автоматизирање на секој можен процес, поедноставување на функционалностите, безбедност во самиот систем и најдобра поддршка за нашите корисници.

Каде ќе може да се обратите и да поднесете барања за регистрација на домени во МКхост?

МКхост со канцеларии во Скопје и Куманово ќе овозможи на корисниците лесна, брза и едноставна регистрација со дополнителни online функционалности кои ќе ги добијат со регистрација на .мк домен кај нас.

Од понеделник, на нашиот веб сајт ќе објавиме посебен линк каде ќе бидат опишани и објаснети процедурите и потребната документација за регистрација на .мк домен, кога ќе почнеме да функционираме со новиот систем за регистрација на .мк домените.

Барања за регистрација на домените ќе може да ги доставувате на нашите две локации во Скопје и Куманово:

    1. Скопје на адреса: Ул. Петар Поп арсов бр.17 локал 13 (позади Универзална сала)
    2. Куманово на адреса: ул. Илинденска бр. 5а (позади комплекс Комитет, до комплекс Гарнизон во центар)