Креираш бренд, а користиш @yahoo.com емаил?

Свесноста за поседување професионални емаил адреси се движи во позитивен правец. Оние кои се потрудиле и регистрирале свој домен, отвориле професионални емаил адреси, добиваат поголем кредибилитет и покажуваат ниво на професионалност и сериозност во работењето.

 

Статистика во нагорна линија

Низ текот на годините, често имам средби со претставници на компании и вообичаено си разменуваме визит картички. Имам навика да ги собирам и чувам визит картичките, најмногу поради различноста и креативноста во дизајнот, но често знаат и да бидат корисни и да ми дадат контакт за лицето/компанијата.

Денеска седнав и ги собрав сите визит картички на куп за да проверам колку од нив немаат професионална емаил адреса. За мое изненадување, само 5 од 30 визит картички имаа внесено емаил адреса на @yahoo.com, што е добра статистика за разлика од пред неколку години, кога половина од нив беа со непрофесионални емаил адреси. Ова укажува дека свесноста кај луѓето и компаниите е зголемена и оние кои сакаат да бидат сериозни во работењето сфатиле дека нивното претставување мора да биде со професионални емаил адреси.

 

12698338_10208822100415506_6233688970197231877_o

Како ги перцепирам фирмите со и без професионални емаил адреси?

Најдобри беа оние кои регистрирале и имаат свој компаниски домен и веб сајт, а ставиле емаил адреса на @yahoo.com . Ова едноставно е неприфатливо, а пораката што ја пренесуваат е: да, ние имаме свој домен и веб сајт, но толку многу си ги сакаме нашите стари емаил адреси на @yahoo.com што дури би ги ставиле и на визит картичките. Или можеби имаат креирано професионални емаил адреси, но пуста технологија и промена, кој ќе транзитира сега (така имаат навикнато и имаат голема инерција кон промени).

Оние кои се потрудиле и регистрирале свој домен, отвориле професионални емаил адреси, кај мене добија едно ниво повеќе на професионалност и сериозност. Многу се поголеми шансите да соработувам со овие лица, отколку со оние кои не седнале да размислат и да одвојат малку време и многу мали ресурси за да регистрираат свој домен и креираат емаил адреси.

Ова правило важи за секого, дури и ако се работи за лично брендирање

Живееме во време каде комуникацијата преку емаил е неопходна. Дали се сеќавате на факс машините? Ние пред многу години престанавме да го користиме и бевме бунтовници против факсот како медиум за комуникација. Не сакавме да примаме факс пораки и сите што ни бараа факс ги препраќавме и „учевме“ да пратат емаил. Не е повеќе прифатливо со толку многу социјални медиуми и начини на онлајн комуникација да се користи факс, тоа е веќе минато.

‘Could you fax over a copy?’

‘No, I can’t fax because of where I live’

‘Where do you live?’

‘The 21st century’

Често ми се случува да добијам емаил од некој експерт, но кога ќе видам дека ми пишал од некоја си емаил адреса од типот: glushec981@yahoo.com , веднаш неговата експертиза паѓа во вода и го губи целиот кредибилитет за кој тој пишува во емаилот. Истото се случува и со @hotmail.com , едноставно изгледа како да сте заглавени во деведесетите со користење на вакви емаил адреси.

Единствен исклучок би било користење на @gmail.com емаил адреса, но само доколку ја користите како ime.prezime@gmail.com , a не повторно belogluvche@gmail.com .

 

12716281_10208822100455507_6946813262042852785_o

Како да се променат старите навики?

Ако сакате со некого да направите контакт преку емаил за соработка, тогаш мора да ја користите вашата професионална бренд емаил адреса и да комуницирате преку неа.

Дури, може само да регистрирате домен име, да креирате една емаил адреса и да направите редирекција до вашиот приватен емаил. Не мора веднаш да направите голема промена.

Покрај тоа што ќе ви се зголеми професионалноста и кредибилитетот во претставување на вашата компанија, користење на професионални емаил адреси ќе придонесе кон поголемо задоволство кај вашите клиенти и самите вработени. Нашето сметководство до пред некоја година не користеше професионални емаил адреси и нивните вработени користеа една заедничка емаил адреса.

Процесот на комуникација беше многу отежнат и секогаш мораше да се прават неколку телефонски разговори, а многу често и лично да се оди кај нив за достава на документи. Сега, секој нивен вработен си има професионална емаил адреса со нивното име и домен од нивната компанија и комуникацијата оди глатко и брзо.
Точно знаеме на кој вработен да му пишеме и по потреба да скенираме одреден документ и да го пратиме до неговиот компански емаил, но сега е лесно кога сите вработени си имаат свој дедициран емаил од нивната компанија.

Што мислите која личност остава повеќе почит и кредибилитет, оној кој на својата визит картичка има оставено професионална емаил адреса или оној кој пишал: glushce981@yahoo.com ?

Сеуште немате професионална емаил адреса? Направете го вистинскиот чекор.

WWW.