14 години градиме успешни онлајн приказни
Светот и предизвиците во него постојано се менуваат, но она што е сигурно, интернет ерата дефинитивно ќе остане важна во општеството уште долго време.
Во македонската онлајн сфера, МКхост цели 14 години е дел од интернет приказните на многу индивидуи, мали бизниси и поголеми компании, Помогнавме на многу организации да се доближат до своите корисници, и на истите да им го поедностават модерниот начин на живот и процесите во него.
Оваа година ни покажа дека и во моменти кога мислиме дека сме изолирани, интернетот е секогаш тука да нѐ поврзе. А, за интернет поврзаност, секогаш е потребен стабилен партнер. МКхост е токму тоа.
За овие 14 години успеавме да го доближиме поимот веб сајт до секоја индивидуа, бизнис и организација. Постојано се стремиме преку едукација и градење свесност, да го прикажеме значењето на интернет мрежата.
Сајтот и корисничките профили на МКхост ги менувавме во текот на годините со цел да бидат постојано во чекор со с0временото онлајн искуство, Денес можеме со гордост да кажеме дека со последните верзии на нашиот сајт и Корисничкиот портал, значително го автоматизиравме и олеснивме процесот на сѐ она што значи изградба на еден веб сајт, и неговата поврзаност со доменот и хостингот како негови основни елементи.

Се заблагодаруваме на сите наши корисници за довербата која ни ја давате во изминатите 14 години! Продолжуваме и во наредните години да градиме многу нови успешни онлајн приказни.