Нови безбедносни мерки: задолжително обновување на лозинки и препораки за посигурен пристап

Со цел дополнително да ја заштитиме безбедноста на сметки на корисниците, МКхост воведува нови мерки за автентикација и управување со лозинки.

Овие промени се дел од нашата континуирана заложба за заштита на корисничките податоци и спречување на неовластен пристап.

Што се менува?

1. Задолжително обновување на лозинка (Password Expiration)

Одредени корисници ќе бидат побарани да ја обноват својата лозинка при најава.

Ова се случува кога:

  • лозинката не е променета подолг период
  • постои ризик дека лозинката може да е компромитирана

 Ова е превентивна мерка за заштита на вашата сметка.

2. Препорака: Најава без лозинка (Google Login)

Доколку користите Google е-пошта, препорачуваме најава да оди преку Google.

✔ Безбедно
✔ Брзо
✔ Без потреба од паметење лозинки

3. Препорака: Активирајте 2FA

Силно препорачуваме да овозможите дво-факторска автентикација (2FA).

Ова додава дополнителен слој на заштита, дури и ако лозинката е компромитирана.

Зошто ги воведуваме овие мерки?

Во последниот период, глобално се зголеми бројот на:

  • phishing напади
  • протечени (leaked) лозинки
  • обиди за неовластен пристап

Иако овие инциденти не се нужно директно поврзани со нашите системи, ваквите податоци често се користат за пристап до кориснички сметки.

Затоа воведуваме дополнителни безбедносни контроли како превентивна мерка.

Нашата заложба за безбедност

Во МКхост постојано работиме на:

  • подобрување на безбедносните политики
  • заштита од неовластен пристап
  • едукација на корисниците за најдобри практики

Безбедноста на корисничките податоци ни е приоритет.

 Често поставувани прашања (FAQ)

  •  Дали некој ми ја хакирал сметката?

Не нужно. Ова е превентивна мерка и не значи дека вашата сметка е компромитирана.

  • Зошто морам да ја сменам лозинката?

Затоа што:

  • е стара
  • или може да биде небезбедна според безбедносни проверки
  • Не добив е-пошта за ресетирање?

Проверете:

  • Spam / Junk папка
  • дали емаил адресата е точна

Ако сè уште имате проблем  контактирајте ја нашата техничка поддршка на support@mkhost.com.mk или 02-2779-444 локал 1

  • Колку често ќе треба да ја менувам лозинката?

Само кога системот ќе процени дека е потребно од безбедносни причини.

  •  Дали можам да избегнам лозинки?

Да — ако користите Google најава.

Доколку имате било каков проблем со пристап или ресетирање на лозинка, нашиот тим за техничка поддршка е тука да помогне support@mkhost.com.mk или 02-2779-444 локал 1