Модернизација на финансискиот сектор: Зошто е важна и кому му е потребна?
Употребата на веб-решенија и апликации каде се спроведуваат одредени трансакции, алатки за следење на трошоци, и виртуелни финансиски советници веќе се секојдневие, со што се поставуваат нови барања од корисниците, поврзани со безбедноста и ефикасноста. Освен тоа, и креаторите на овие алатки поставуваат барања за развој на напрадни аналитички микро-сервиси, намалување на трошоците и зголемување на флексибилноста. А, токму тие услови може да ги задоволи Cloud технологијата.
Што ќе значи „Cloud“ за финансискиот сектор?
Cloud не е само нов тренд на пазарот. За голем број финансиски институции и компании, тоа е темелот на идниот развој. Наместо да инвестираат во скапи сервери и долготрајно одржување, институциите и компаниите добиваат алатки со кои брзо можат да создадат и лансираат нови продукти. Cloud технологијата им овозможува на банките и финтек компаниите да реагираат веднаш на промените на пазарот и да ги исполнат очекувањата на клиентите.
Како Cloud го подобрува искуството на клиентите?
Секојдневниот корисник има потреба од брзи и лесни решенија. Cloud услугите го поддржуваат креирањето на персонализирани услуги, кои се приспособени за секој клиент, посебно. Наместо да се нудат исти производи за сите, Cloud овозможува анализа на податоци во реално време, што значи дека компаниите можат да ги разберат и исполнат уникатните потреби на своите клиенти. Со тоа, секој клиент добива уникатно, персонализирано искуство, нешто што традиционалните технологии едноставно не можат да го понудат.
Безбедност: Дали е Cloud вистинскиот избор за финансискиот сектор?
Безбедноста е главната цел во финансискиот сектор, каде што довербата е највредната валута. Затоа, Cloud провајдерите како Amazon Web Services и Google Cloud инвестираат огромни средства во напредни безбедносни механизми. Тие обезбедуваат енкрипција на податоците, протоколи за заштита и напредни алатки за откривање на сајбер закани, кои редовно се ажурираат. За разлика од традиционалните системи, кои бараат постојано одржување и надградби, Cloud обезбедува брз одговор на новите сајбер закани. За финансиските институции, ова е златен стандард во безбедноста.
Ефикасност и намалени трошоци
Традиционалните IT системи може да бидат вистинско оптеретување, како на буџетот, така и на времето. Со Cloud, компаниите плаќаат само за ресурсите што ги користат. На овој начин, може да се инвестираат повеќе средства во иновации и подобрување на услугите, наместо на одржување на застарена инфраструктура.
Финансиската индустрија се менува – дали вие ќе останете во чекор со дигитализацијата?
Cloud технологијата не е само избор, туку потреба за оние што сакаат да бидат пред времето. Компаниите кои се фокусираат на иновации и на задоволство на клиентите веќе почнуваат да ја препознаваат оваа трансформација како клучна. За финансискиот сектор, ова значи дека клиентите добиваат безбедни и флексибилни услуги, а компаниите – стабилен и долготраен раст.
Дали вашиот бизнис е подготвен за следниот чекор?
