Зошто ова лето е идеално време да почнеш сопствен веб сајт?

Ова лето е поинакво од сите останати на кои се имаме навикнато, но тоа не значи дека не може да се искористи за да се започне некој нов проект.

Во оваа турбулентна година за бизнисите во светот, се чини дека никогаш не било поважно присуството на интернет отколку сега. Зошто токму денес е идеално време за да стартуваш со сопствен веб сајт? Ти откриваме неколку причини кои можат да ти бидат од корист.

Кризата со коронавирусот отвора нови можности

Ако нешто покажа светската здравствена криза која се случи годинава, тоа е дека населението многу повеќе ќе внимава на здравјето како фактор, и дека многу од секојдневните активности ќе се префрлат онлајн. Ова отвора многу нови можности поврзани со веб базирани бизниси од различни сфери, независно дали за прехранбени продукти, облека, или пак за софтверски решенија.

Од друга страна, ова беше навистина предизвикувачки период кој многумина го искористија за надоградување на сопствените вештини, како и за учење на многу нови. Дефинитивно ќе сакаш да покажеш некои од тие вештини онлајн, и потенцијално преку нив да развиеш сопствен бизнис од кој ќе заработуваш.

Креативноста е на повисоко ниво

Постои генерална теорија дека летото ја намалува продуктивноста кај луѓето, но во исто време ова годишно време претставува одлична шанса за преземање на покреативни потези.

Кога се чини дека редовните бизнис активности имаат намален интензитет во текот на летото, истиот овој период може да се искористи за подолгорочни размислувања, како и планови и инвестирања кои ќе имаат влијание и резултати во иднина.

Планирање на сопствен сајт во овој дел од годината е идеално време за да биде подготвен за посетители и потенцијални клиенти до почетокот на новата есенска сезона. Летото можеш да го искористиш за да го пронајдеш твојот идеален домен и хостинг, да изградиш перфектен веб дизајн, како и да ги поставиш сите темели за сајтот да го лансираш успешно.

Имаме одлична промоција која вреди да се искористи

Многу важен елемент при започнување на нов бизнис, особено во вакви предизвикувачки времиња, е неговото буџетско оптимизирање.

Затоа МКхост ова лето направи промоција со која цените на хостинг плановите се 20% пониски со секој закупен домен. Погледни ги сите наши хостинг планови на следниот линк! Со закупен хостинг, добиваш можност за брз и професионален веб сајт, брендирани емаил адреси, како и постојано достапна поддршка.

Доколку имаш некои дополнителни прашања, секогаш сме достапни на нашите канали за комуникација. МКхост е познат по одличната техничка поддршка!