Воведовме нови хостинг планови. Провери зошто се одлични за тебе!

Портфолиото на нови услуги и сервиси во МКхост постојано се зголемува. Shared хостинг плановите се убедливо најбараната услуга во МКхост, и најчесто се користени од оние со почетни бизниси, како и бизниси во фаза на раст и развој.

Низ текот на овие години, следејќи ги барањата на корисниците, МКхост ги имаше воведено следните shared хостинг планови наменети за определени потреби:

  • Linux хостинг
    Омилен избор на хостинг за корисници кои започнуваат со сопствен веб сајт. Linux/Unix е најупотребуваната хост платформа, најмногу поради тоа што таа има висока репутација на брзина и стабилност.
  • WordPress хостинг
    Хостинг базиран на Linux со инсталирана WordPress платформа, најпопуларна во светот за управување на веб сајтови. Контролниот панел на WordPress овозможува лесно управување со содржините на сајтот.
  • Windows хостинг
    Базиран на Plesk контролен панел, ја овозможува моќта и флексибилноста на Paralles Plesk Panel, IIS, Microsoft SQL Server, како и широк избор на други хостинг функции од типот на алатки за изградба на сајт и темплејти.
  • Business хостинг
    Базиран на Linux, Business хостингот е наменет за растечки бизниси кои имаат потреба од поголем простор и сообраќај за зачувување на маилови и податоци, како и дополнителна поддршка.

Како најнова услуга во нашето порфолио за shared хостинг, ги воведовме DirectAdmin хостинг плановите. Што е она што го нуди DirectAdmin хостинг во споредба со другите наши shared хостинг планови? Да погледнеме кои се неговите предности во продолжение.

За кого е наменет DirectAdmin хостинг?

DirectAdmin хостингот е најсоодветен за почетници кои сакаат да имаат сопствен веб сајт, како и претприемачи. Особено е користен за оние кои најмногу имаат потреба од хостинг простор поради професионални маилови.

Ценовна ефикасност

Во споредба со останатите shared хостинг планови кои ги нуди МКхост, DirectAdmin хостингот е ценовно најефикасен. Основниот хостинг план може да се добие за 990 денари годишно + 18% ДДВ, што е за 59,41% поевтино во однос на Linux и WordPress хостинг плановите.

Лесен за управување

Овој хостинг се контролира преку DirectAdmin Web Control Panel кој се одликува со лесен и ефикасен кориснички интерфејс. Преку истиот, брзо и едноставно ќе може да креираш емаил адреси, како и да менаџираш со сајтот и со доменот.

Разлика со Linux хостинг

На крај, пресуден момент за тоа дали твојот избор ќе биде DirectAdmin или Linux хостинг може да бидат најголемите разлики помеѓу овие две платформи. Главната предност на Linux хостингот во однос на DirectAdmin е во контролниот панел.

cPanel (Контролниот панел кој го користи Linux хостингот) овозможува бекап на податоците на сајтот на дневно и неделно ниво, додека DirectAdmin ја нема таа опција. Исто така, cPanel овозможува и други предности – како што е управување на серверски firewall, лесно менаџирање со повеќе верзии на PHP, инсталација на платформи како WordPress и Joomla со еден клик…

Сакаш да дознаеш повеќе за DirectAdmin?

Посети ја нашата страница за DirectAdmin хостинг, или контактирај нѐ.