Оглас за пракса во МКхост
МКхост објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува заинтересираните да аплицираат.
Кој може да аплицира?
- студенти на ФИНКИ кои се при крај со студиите и се расположени да стекнат практично знаење кое ќе им користи во нивната кариера, или
- млади невработени лица кои се на возраст до 29 години и кои имаат желба практично да ги совладаат работните вештини и да се подобрат во својата област, да стекнат искуство со работа во тим и да добијат нови знаења.
Повеќе за историјатот на компанијата прочитајте тука.
Отворени се следните позиции за пракса:
– PHP програмер и работа со МySQL
Работа на поголем PHP базиран веб проект со Codeigniter framework и користење на Angular JS.
Креирање на мали веб апликации што ќе изложуваат дел од податоците на системите во позадина користејќи PHP програмски јазик и MySQL бази на податоци.
Креирање на веб апликации кои ќе автоматизираат одредени процеси.
– Front End developer
Креирање на front end за веб базирани апликации. (Познавање на Front End framework AngularJS ќе се смета за предност).
Креирање на код за веб апликации со HTML5 / CSS / jQuery.
Oптимизација на веб апликации за мобилни уреди.
– Графички дизајнер
Изработка на банери, промотивен материјал и графички елементи за промоции и маркетинг.
Изработка на креативи за клиентите на МКхост, во стил на постери, флаери, roll банери и сл.
Креирање на уникатни слики за социјалните медиуми и блогот на МКхост.
Усовршување на брендот на МКхост.
Работа со фотографии.
Праксата е во траење од 3 месеци (15.10.2015 – 15.01.2016) и работно време од 8 часа дневно од 09 – 17h (понеделник-петок) во просториите на МКхост. Практикантот добива месечен надомест од 6000 денари. По завршување на праксата, отворена е и можност за вработување.
Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV и да назначат во насловот за која од наведените позиции аплицираат, преку емаил, на praksa@mkhost.com.mk .
Рокот за аплицирање за праксите трае до недела, 04.10.2015.