Направете сопствена веб-страна за 4 дена
Дали отсекогаш сте сакале да научите како лесно и брзо може да изградите сопствена веб-страна? Brainster во соработка со МКхост органзира 4-дневен курс на кој посетителите ќе научат како да креираат веб-страна преку WordPress.
WordPress, лансиран во 2003-та, преставува најголемиот систем за менаџирање на содржина и најкористена алатка за креирање на веб-сајтови. Истовремено ја поседува и блог платформата WordPress.com која брои над 60 милиони сајтови. Според последните податоци, WordPress го користат 39% од светските сајтови кои користат CMS.
4-дневната обука ќе се одвива според следната агенда:
Ден 1
Запознавање со WordPress. Разлики меѓу WordPress.com и WordPress.org
Инсталација на WordPress
Запознавање со WP dashboard.
Posts vs Pages
Media & WYSIWYG едитор
Users, Comments, Permalinks, Widgets
Categories vs Tags
Ден 2
WordPress Plugins
WordPress Themes
Маркет за Теми и плагини, избор на теми (pros & cons).
Подесување на насловна и контакт страна на основна тема. (?)
Поставување на Google Analytics & Contact Form plugin.
Инсталирање на Share Plugin.
Ден 3
Инсталација на PRO тема
Запознавање со темата и подесување на истата
Креирање на насловна и контакт страна.
Инсталирање на плагини за сајтот
Ден 4
Довршување на сајтот од Ден3
Завршни (основни) зборови окулу брзина, сигурност, останати трикови и како и каде да продолжат со усовршување WP skills
За повеќе информации околу овој курс, посетете го следниов линк.