Сè што треба да знаеш пред да отвориш блог

Блоговите претставуваат значаен дел од интернет сферата. Со целокупниот развој на светската мрежа, сè потенка станува границата помеѓу веб портал и блог. Но, блоговите се сметаат за онлајн места со точно специфицирана намена. Кај нив, читателот се обраќа директно до корисникот.

Постојат различни начини на блогирање

Генерално, за блог се смета веб сајт одржуван од едно лице, и кој е претежно исполнет со текстуални содржини. Но, важно е да се знае дека блогирањето се појавува низ различни форми.

Многу компании имаат свој блог на кој се поврзуваат неформално со своите корисници. Аудио подкасти и влогови (YouTube) се сметаат исто како форма на блогирање. Twitter како платформа, пак, овозможува микроблогирање, односно изразување преку ограничен број на карактери.

Последниве години се појавија и креативни начини на социјално блогирање – Medium, Instagram, TikTok, итн.

Која платформа да ја одберам?

Со преку 80 милиони корисници и над 50% удел на светскиот пазар, WordPress е лидер помеѓу платформите, односно content management systems (CMS) во светот, далеку пред конкурентите Drupal и Joomla.

Од друга страна, интересен факт е дека WordPress не е само наменет за блогови. Доколку сакаш да отвориш блог преку WordPress, тоа можеш да го сториш на wordpress.com.

Доколку сакаш да отвориш веб сајт по сите стандарди, тоа исто така може да го направиш со WordPress, кој истовремено е и комплетен open source систем за менаџирање на содржина. Истиот може да подржи веб сајтови од било кој тип, независно дали за обичен портал, е-бизнис, или корпоративно претставување.

Другите предности на блогови направени преку WordPress се во големиот избор на теми и плагини, како и едноставноста во подесувањето и кастомизирањето.

Содржината е најважна

Секогаш имај на ум – блоговите ги посетуваат корисници кои навистина ги интересира содржината која се нуди. Од круцијално значење е формирање на квалитетна читателска база која ќе можеш да ја монетизираш на долг рок.

Секогаш препораките се во насока на отворање на niche блогови, кои се занимаваат со точно определена тематика (на пример – блог за политичката ситуација во Америка, блог за статистички резултати во голф и слично), кои привлекуваат многу специфична таргет група, а со тоа и специфични огласувачи од кои ќе може да се заработи повеќе.

Огласувачите сè повеќе бараат специфични медиуми преку кои може да ги пласираат своите производи, бидејќи ефектот на промоцијата преку мас медиумите губи на своето значење кое го имаше во некои претходни времиња.

На почетокот, кога сѐ уште си нов на оваа поле, ќе треба да посветиш доста време истражувајќи за содржината што сакаш да ја објавиш. Ова е со цел да бидеш сигурен дека е навистина квалитетна. Оттука, ќе може полесно да се бори за подобар SEO ранкинг на Google.

Како и со многу други работи, со тек на времето ќе бидеш се поуспешен и поуспешен. Колку повеќе пишуваш, толку повеќе и ќе се усовршуваш. Прочитај повеќе за тоа како да привлечеш повеќе читатели на твојот блог.

Бесплатен хостинг vs Професионален хостинг

Блог платформите овозможуваат бесплатно да се хостира сопственото онлајн место, а тоа е одлична можност да се испита теренот за почеток и да се провери дали областа за блог која е одбрана како тема има потенцијал.

Сепак, ако сакаш твоето блогирање да прерасне во нешто повеќе од обично хоби, и да преминеш во професионалните води, препорачливо и логично е да се транзитира кон професионален хостинг и домен.

Зошто? Главните причини се поради тоа што со бесплатно хостирање, контролата врз содржината ја има блог платформата, а не сопственикот на блогот. Исто така твојот домен ќе содржи и поддомен со што ќе изгледа подолго и помалку професионално (на пример – mojotblog.wordpress.com), наместо да поседуваш сопствено брендирано име по кое ќе бидеш препознатлив (mojotblog.com). Со бесплатниот блог хостинг, многу е отежната и можноста за рекламирање, со што се ограничува шансата за заработка и ширење на онлајн бизнисот.

Што е блог

Направи сам свој блог

Немаш доволно ресурси за да изнајмиш некој професионалец да го среди твојот WordPress блог или веб сајт како што треба? Не грижи се, МКхост објави бесплатен видео серијал на македонски јазик од едукативен карактер, преку кој чекор по чекор се учи за основите на WordPress и правењето на веб сајт преку оваа платформа. Истиот се содржи од следните видеа:

1: Што е WordPress?
2: Инсталација и работна површина
3: Како се пишуваат постови?

4: Креирање на насловна страна
5: WordPress плагини
6: WordPress теми
7: Навигација во WordPress
8: WordPress апдејти

Исто така, имаме и бесплатна е-книга. Во неа детално, чекор по чекор го објаснуваме целиот процес на отворање на еден веб сајт.