Како да направам веб сајт со кој ќе имам одлична продажба?

Го направи твојот веб сајт преку кој сакаш да понудиш онлајн продажба. Што е следно? Како да ги привлечеш првите клиенти, и како органски да ја зголемиш продажбата со текот на времето?

Едноставно пронаоѓање

Првиот услов за да функционира успешно еден онлајн бизнис е неговото лесно и едноставно пронаоѓање во целокупниот интернет „хаос“. Еден од начините како да направиш препознатлив интернет бренд е во избирање на соодветно домен име. Истото ќе ја отсликува визијата за проектот кој го водиш.

Одржување на квалитетна SEO оптимизација и онлајн маркетинг ќе направи твоите таргетирани потрошувачи да те пронајдат тебе, наместо ти да ги бараш нив. Тоа на долг рок ќе донесе многу позитивни резултати и зголемување на конверзиите и продажбата, органски и постепено.

Секако дека и изборот на квалитетен хостинг има голем удел во успешноста на еден веб сајт, особено на e-commerce платформите. Брз и оптимизиран веб сајт кој има постојана достапност е гаранција дека твоите посетители ќе останат подолго време на сајтот. Оттука, се зголемуваат шансите тие да конвертираат во клиенти.

e-commerce prodazba

Процесот на нарачка

Ги донесе потенцијалните клиенти на сајтот. Што е следно? Секако, да ги убедиш да конвертираат, односно да купат преку тебе. Основниот начин е посетителите да ги донесеш на добро организиран сајт.

Слично како и купувањето во физичка продавница, така и онлајн продавниците бараат своевидна добра организираност. Почнувајќи од самиот дизајн кој треба да биде лесен и едноставен за користење, понатаму целиот процес на нарачка треба да биде гарант за потенцијалниот клиент да стекне сигурност во твојот бренд.

Овозможи детални описи и слики за сите производи кои ги нудиш, со што потенцијалите купувачи ќе бидат сигурни дека тоа што се нуди на сајтот, тоа и ќе го добијат. Сертификати за сигурност и поголем избор во начините на плаќање се исто така задолжителни.

Дизајнот е од особено значење

Технологиите и трендовите кога станува збор за веб дизајнот постојано еволуираат. Потребно е постојано да се биде во чекор за тоа што го привлекува човековото внимание, доколку сакаш да одговараш на современите потреби.

Постојат повеќе „трикови“ за тоа како веб сајтот постојано да изгледа совршено, почнувајќи од респонзивен дизајн кој ќе биде едноставен за користење на сите уреди истовремено. Потоа, обрни внимание на користењето на landing pages, тактиката на скелетен дизајн, како и многу останати функционалности кои ги нуди новата технологија.