Писмо од клиент на МКхост

Во секој процес во кој се вклучени и клиенти, многу е важен фидбекот кој го добивате од нив. Затоа, по долгогодишна напорна работа и грижа за корисниците, секогаш е убаво и од непроценлива вредност кога ќе погледнете во емаил поштата и ќе погледнете ваква пофалба дојдена директно од задоволен корисник.

 

„Почитувани,

Сакам да ја изразам мојата огромна благодарност за пружената поддршка при закуп на хостинг пакет, регистрација на домен и креирање на email адреса.

Иако нестручна и без искуство, во целост можев да се ослонам на администраторите, во мојот случај Магдалена и Ивана, кои ме водеа низ процесот, поддржувајќи ме со дополнителни инструкции и туторијали, како надополнување/дообјаснување на писмените инструкции, без притоа ниту за момент да се почувстувам дека поставувам глупаво прашање. Срдечни, трпеливи и пријатни во комуникацијата.

Кога ќе се најдам во ваква ситуација да добијам целосна поддршка, секогаш си велам, добро па така треба да биде. Да, така треба да биде, но за жал високото ниво на професионализам и љубезната комуникација не се честа појава. Од тие причини, колку и да кажеме дека така треба, сакам истото да го споделам со Вашата компанија, а секако и со сите идни потенцијални Ваши клиенти.

Уште еднаш Магдалена, Ивана и МКХОСТ, Ви благодарам за поддршката. И понатаму одржувајте го професионализмот и надградувајте ја експертизата. Само така ќе ги поттикнете и останатите субјекти и ќе помогнете во нивното унапредување.

 

Срдечен поздрав

(Името на клиентот е познато на компанијата)

 

Ние исто така се заблагодаруваме за довербата која ја добиваме со нашата постојана грижа и квалитетна техничка поддршка. МКхост годинава одбележува 10 години од постоењето како #1 хостинг провајдер и регистрар на домени во Република Македонија.