Tech.O – Настан кој ја поврзува бизнис и IT сферата

Оваа среда, 8-ми февруари, во Valoso Hub во Скопје беше одржан првиот Tech.O. Настанот има за цел да ги собира на едно место влијателните бизнис и IT лидери, како и претприемачи, старт ап сопственици и инвеститори.

Со концептот на споделување на стории од македонската бизнис сцена и вмрежување помеѓу сите учесници на коктел забава, Tech.O овозможи повеќе од 2 часа квалитетна дискусија и размена на идеи.

Настанот го отворија основачот на Valoso Hub, Боби Лин, како и еден од основачите на CEFE Macedonia, Зоран Витанов.

Со свои презентации се претставија Јован Маџовски од CEED Macedonia, кој зборуваше околу старт ап бизнисите и инвеститорите, потоа Нина Ангеловска од Grouper, со препораки за 7 тактики со кои секој бизнис може да успее. За крај, Игор Стаматовски од iborn обрна внимание на „Интернетот на нештата“ и нивната имплементација во современото ИКТ општество.

Амбицијата на организаторите е ова да прерасне во настан кој ќе се одржува неколку пати годишно. МКхост беше исто така помеѓу поддржувачите на првиот Tech.O.