Мобилна верзија на мојата веб страница – Дали и зошто ми е потребна

Поседување своја веб-страница веќе од поодамна беше неопходно за сите бизнис сопственици, почнувајќи од сопственици на обичен мал бизнис, до сопственици на огромни корпорации. Првин, веб-страница претставуваше дополнителна реклама за вашиот бизнис и место каде што ги поставувавте сите основни податоци за истиот, за да денес прерасне во примарен и еден од највлијателните начини за рекламирање. Како што во минатиот период беше тренд креирањето и постоењето на ваша веб-страница, така денес имањето и креирањето на мобилна верзија на вашата веб-страница е нов тренд потребен за секој бизнис за истиот да биде компетитивен на пазарот.

Факт е дека персоналните компјутери остануваат во минатото. Па, се поставува прашањето, што ги заменува овие машини без кои пред само неколку години не можевме да го замислиме нашето постоење. Дали можеби со доаѓањето на сè помоќните едноставни и лесно преносливи мобилни уреди какви што се паметните телефони, IPADS, Kindles, таблети итн., персоналните компјутери сè повеќе и повеќе се потиснуваат? Доколку го имаме предвид фактот дека денес сите имаат свој мобилен уред, почнувајќи од деца, па сè до возрасни луѓе во поодминати години, како и тоа дека повеќе од 70% од тие мобилни уреди се паметни телефони, како и фактот дека повеќе од 40% од Интернет сообраќајот доаѓа од мобилни уреди, па сè до фактот дека 1/3 од веб-страниците веќе имаат мобилна верзија на својата веб-страница, одговор на претходното прашање е да, мобилните уреди се сериозна конкуренција на персоналните компјутери.

Токму затоа, доколку и вие со вашиот мал и/или голем бизнис сакате да бидете во тек со трендовите, но и да бидете конкурентни на пазарот, треба сериозно да размислите за креирање на мобилна верзија на вашата веб-страница како додаток на вашата desktop веб-страница.

Пред популарноста на таканаречените паметни телефони, ние сè уште можевме да се приклучиме на Интернет преку нашите „не толку паметни“ телефони и да сурфаме. Сепак, таквото искуство беше лошо поради малата брзина и многу побавниот трансфер на податоци, проблем со „сиромашниот“ прелистувач кој единствено беше достапен, а на крај и фактот дека повеќе (над 90%) од веб-страниците не беа оптимизирани за сурфање преку мобилен телефон. Во тие денови, оптимизација на веб-страницата на мобилен уред значеше значително намалување на големината на сликите на веб-страницата, користење на CSS базиран распоред (layouts), за разлика од tables базиран распоред. Едноставно речено, се правеше сè за да се намали големината на потребните податоци кои требаше да се симнат (dowload) кога некој ја отвора вашата веб-страница.

css

  1. Наместо слики, користете што е можно повеќе CSS. Користењето на премногу слики ќе го забави отворањето на вашата веб-страница. CSS податокот е далеку помал од слика.

  2. Користете fluid layout. Ова го препорачуваме од едноставна причина што сите паметни телефони користат различна резолуција. Со користење на fluid layout, веб-страницата може да се намали/зголеми за онолку колку што е потребно за да изгледа онака како што треба.

  3. Користете поголем фонт кој би бил лесно видлив и читлив на малиот екран на паметните телефони.

  4. Користете графички копчиња наместо текстуални линкови, затоа што истите се многу полесни за одбирање. (touch).

  5. Користете HTML5 и/или Javascript/jQuery и сл.

  6. Овозможете едноставна навигација со помалку опции која ќе биде прифатлива (user friendly), едноставна и лесна за употреба од страна на корисникот.

Веќе разбравме што е тоа мобилна верзија на вашата веб-страница и како нештата природно доведоа до нејзино сè поголемо присуство. Па, се поставува прашањето, зошто ми е потребна мобилна верзија на мојата веб-страница. Одговорите се очигледни, а за нив зборуваат фактите:

Сè поголем број од корисниците се мобилни корисници

Повеќе од 3/4 од населението во Македонија користи паметен телефон, а тој број сè повеќе се зголемува. Во наредните неколку години сè повеќе корисници ќе го користат својот мобилен уред отколку својот персонален компјутер или MAC. Па доколку вашите корисници пребаруваат и купуваат преку Интернет, тогаш и вашиот бизнис мора да се придружи на мобилната револуција и да се прилагоди на новиот тренд.

Мобилниот е местото каде што се случува акцијата. Луѓето го носат својот мобилен телефон насекаде и скоро секогаш. Гугл (Google) направи едно истражување коешто покажува дека повеќе од 80% од корисниците на мобилни телефони ги користат своите уреди за пребарување на локални бизниси и повеќе од 3/4 од нив или се јавуваат или ги посетуваат тие мали бизниси дента кога ги пребарувале. Кога луѓето се спремни да преземат одредена акција или пак се заинтересирани за одреден бизнис/купување, тогаш тие ги користат своите мобилни телефони за пребарување кое во голема мера влијае врз нивната одлука. Врз нивната одлука најмногу ќе влијае нивното искуство при пребарувањето на вашата веб-страница. Токму затоа, вашиот бизнис треба да е токму таму каде што е акцијата, а сето тоа е сè повеќе мобилно.

sadmobile

Имањето мобилна верзија на вашата веб-страница ве прави поконкурентни на пазарот

Повеќе од 50% од корисниците на паметни мобилни телефони велат дека многу потешко би соработувале на какво било ниво со компанија која претходно презентирала лошо искуство при пребарувањето на нивната страница преку мобилен уред, а сепак 75% од малите бизниси сè уште немаат мобилна верзија на својата веб-страница.

67% од мобилните корисници кажале дека многу полесно и побрзо ќе одлучат да купат каков било производ/сервис од дадена веб-страница доколку таа е оптимизирана за мобилен телефон. Па, шансите за зголемување на вашиот профит и за напредување пред конкуренцијата се поголеми доколку уште веднаш започнете со планирање на вашата веб-страница.

Корисниците најмногу ја проверуваат вашата веб-страница преку нивните мобилни телефони

Три четвртини од корисниците на паметни телефони прават одлуки околу купување/бизнис врз база на истражувања направени преку нивните мобилни уреди. Токму затоа е многу поважно од кога било да имате мобилна верзија на вашата веб-страница која нуди богати и доволни информации околу вашиот бизнис. Во друг случај сте невидливи за корисниците на мобилни телефони.

shoppingmobile

Мобилниот телефон оди во насока кон начин на кој корисниците во иднина брзо и лесно би нарачувале и купувале

Засега мал дел од корисниците го користат својот мобилен телефон за купување. Ова е случај кај нас, меѓутоа во Америка, само минатата година, корисниците потрошиле преку 20.7 билиони долари купувајќи преку нивниот мобилен телефон. Се предвидува дека овој број сè повеќе и повеќе ќе расте во наредните 5 години, а трендот сè побрзо се приближува и навлегува и кај нас. Притоа, битно е да се напомене дека во просек луѓето кои купуваат онлајн повеќе купуваат преку своите мобилни уреди отколку преку своите персонални компјутери. Токму затоа, не дозволувајте вашата конкуренција да ги украде тие важни потенцијални корисници.

Мобилната верзија на вашата веб-страница ќе носи нови корисници за вашиот бизнис, а со самото тоа и зголемен профит

mkhostincreaseprofit

Доколку се рекламирате на кој било медиум, неопходно е да имате мобилна верзија на вашата веб-страница. Истражувањата на Гугл покажуваат дека корисниците на мобилни телефони кои преку друг медиум ќе видат податоци за одреден бизнис за којшто се заинтересирани, веднаш ги пребаруваат податоците и на Интернет преку својот мобилен телефон. Првиот впечаток е најважен, па токму затоа, не пропуштајте да направите одличен впечаток за вашите потенцијални корисници и оптимизирајте ја вашата веб-страница за мобилни уреди.