МКхост стана дел од МАСИТ

Во текот на претстојнава недела, МКхост како водечка компанија за хостинг и домен услуги во Република Македонија, стана дел од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ).

МАСИТ е основана како асоцијација во 2000-та како дел од Стопанската комора на Македонија, а во 2007-ма се издвојува како посебна комора. Мисијата на МАСИТ е да претставува глас на македонската ИКТ индустрија и ги опфаќа македонските компании со следниве дејности: софтверски компании, ИТ услуги, хардвер компании и дистрибутери, кериер и други телеком компании, тренинг провајдери и ИКТ консултантски компании.

МКхост ги одбележува своите 10 години поминати на македонскиот пазар како компанија која се грижи за развој на македонскиот Интернет. Во текот на оваа година се изврши и ребрендинг под мотото „#1 избор за вашето онлајн присуство“.