5 предизвици со кои ќе се соочиш при изградба на веб сајт

Да се направи одличен веб сајт значи да се најде баланс помеѓу неколку клучни елементи. Целта е да се постигне задоволство кај потенцијалните корисници на сајтот.

Оние кои се занимаваат со изградба на веб сајтови знаат дека тоа не е ни малку лесна задача. Дури и наједноставните веб сајтови можат одлично да си ја вршат функцијата само доколку правилно се имплементираат тие клучни елементи.

Станува збор за петте најголеми предизвици при изградба на веб сајт: Сајт лесен за пристапување (accessibility), компатибилен (compatibility), лесна навигација (navigability), лесна читливост (readability) и корисен за посетителите (usability).

Сајт кој е лесен за пристапување

Без сомнение ова е една од најважните карактеристики на еден веб сајт – достапноста. За сајтот да биде лесно пристаплив или достапен за сите потребно е при неговата изградба да се земат во предвид сите профили на луѓе кои би го користеле.

Сајтот треба да биде подеднакво функионален за сите. Секој човек треба да има можност да пристапи до информациите на сајтот, неговите функционалности и елементи.

Сајтот треба да биде компатибилен – оптимизиран

Следна многу важна и за жал често потценета карактеристика на еден веб сајт, а тоа е неговата компатибилност. Тоа значи дека треба да се тестира на различни интернет пребарувачи (Chrome, Mozilla, Explorer…), оперативни системи (Windows, iOS, Android….) како и екрани со различна резолуција (компјутер, таблет, мобилен…).

Сајтот треба да биде лесен за навигација

Можеби еден од најголемите предизвици за веб девелоперите и дизајнерите е точно постигнувањето на идеална навигација. Еден сајт е лесен за навигација тогаш кога луѓето можат брзо и без многу размислување на ги најдат информациите кои им требаат.

Во спротивно, доколку треба долго време да бараат, тие ќе си заминат и ќе ја побараат информацијата на друго место. Од таа причина лесната навигација е можеби најважната карактеристика на еден веб сајт. Структурата на сајтот треба да биде толку едноставна што секој човек ќе може лесно да најде тоа што му треба без многу кликови.

Сајтот треба да има читка содржина

Четвртата многу важна карактеристика на успешните веб сајтови е содржината која е лесна за читање. Повторно, кога се подготвува содржината за сајтот, треба да се имаат во предвид потенцијалните корисници со различни профили.

Секој од нив треба да ја разбере пораката која се пренесува. Затоа треба да се внимава на зборовите кои се користат. Како се структираат речениците. Каква структура има содржината (содржината треба да биде лесна за брзо скенирање и организирана во параграфи).

Треба да се користи и боја доколку има потреба. Избери фонт кој нема дополнително да го отежнува читањето. Arial, Verdana и Times се едни од најкористените. Читателите се навикнати на овие фонтови.

Сајтот треба да биде корисен за посетителите

Ова е производ на сите претходни карактеристики. Доколку останатите четири карактеристики се соодветно застапени, тогаш неизбежно е сајтот да биде корисен за посетителите.

Со тоа што ќе ги донесеш посетителите на веб сајтот преку различни маркетинг стратегии, не значи дека си ја добил битката! Нив треба да ги конвертираш во редовни читатели. Доколку имаат било каква потешкотија при користење на твојот веб сајт, нема да размислуваат долго пред да го напуштат.

Има многу други алтернативи на интернет кои ќе им понудат подобро корисничко искуство. Затоа е многу важно да се пронајде совршен склоп на сите претходни аспекти.

Во моментот кога секој профил на потенцијален клиент, буквално секој, ќе може да пристапи брзо и лесно на твојот сајт преку било кој пребарувач, уред или оперативен систем и при тоа во неколку секунди да ги најде потребните информации кои ќе може лесно да ги прочита и разбере, тогаш знаеш дека си направил веб сајт кој нуди одлично корисничко искуство и биди сигурен дека задоволните посетители ќе се вратат повторно!